Најмалку 140.000 домаќинства денеска останаа без струја откако силно невреме зафати повеќе делови на Франција, а патиштата се блокирани поради искорнети и паднати дрвја.
Во прекин е и железничкиот сообраќај кон неколку правци. Бурата Амела предизвика и поројни поплави на југоистокот од земјата.
Од еден камп се евакуирани 47 лица. Ветерот достигна јачина од 160 километри на час.
Бурата се движи кон внатрешноста на земјата и нејзиниот интензитет се слабее, соопшти националната метеоролошка служба.