Според првите информации, станува збор за пријател на Иван Адровац, кој се доведува во врска со атентатот на Милан Бек.
Уапсениот “Пинк Пантер” во јавноста е познат по спектакуларното бегство од француски затвор. Од тогаш е во Србија, бидејќи Французите по него распишале потерница.

Тој го преземал раководството над “Пинк Пантерите”, откако Адровац бил уапсен во Швајцарија. Тој и уште еден истакнат член се единствените “Пантерите” кои летово, поради потерниците, не можеле да побегнат надвор од земјата.
Лидерот на навивачите на Партизан, 29-годишниот Александар Станковиќ, познат и како Сале Мутави, бил убиен вчера околу 21 часот во пукање на раскрсницата на Бавчанска и Улицата на Господар Вучиќ, во близина на капијата на Централниот затвор во Белград. Во пресметката учествувале припадници на црногорски криминални кланови.

Пукањето се случило кога од возило во движење од автоматско оружје биле истрелани рафали на два автомобила. Во “Аудито” бил Станковиќ, додека ранетиот чувар бил во друг автомобил. Засега не е познато како чуварот се нашол на местото на пукањето.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, денес рекол дека зад убиството на Станковиќ стои најорганизираната криминална група на Балканот.

“Станува збор за најорганизираната криминална група на Балканот од една од поранешните републики на СФРЈ. Учествувале повеќе луѓе кои биле на врвот. Полицијата во текот на вечерта привела едно лице, кое е осомничено дека е соучесник во делото, а по неколкумина се трага и мислам дека имаме добра насока кога станува збор за расветлување на овој случај”, рекол денес Стефановиќ.