Европратениците децидни: Силна ЕУ стратегија против „руските дезинформации“

Европратениците изразија загриженост за „многу опасната природа на руската пропаганда“ што е „главниот извор на дезинформации“ во Европа и побараа носење на силна стратегија на ЕУ за нејзино спротивставување. 

Во резолуцијата донесена со мнозинство гласови, Европскиот парламент предупреди за заканата од „мешање од странство во изборите“, ако се знае дека повеќе од 50 претседателски, национални или локални избори треба да се одржат во земјите на ЕУ до крајот на 2020 година.

Европскиот Парламент потсетува дека случаите на дезинформации што се припишуваат на руските извори се дуплираа во јануари 2019 година (998 случаи) во однос на истиот период во 2018 година (434 случаи). 

Европратениците повикуваат на зајакнување на Работната група „Источен СтратКом“ на ЕУ создаден во 2015 година за да се следи руските дезинформации и да се направи постојана структура со зголемено финансирање. 

Комисијата во јуни посочи дека руски извори се обиделе да влијаат со лажни вести на европските избори, што се одржаа на крајот на мај. Во пресрет на изборите, таа ги повика земјите членки да го координираат нивниот надзор и да го зголемат притисокот врз социјалните мрежи како Фејсбук и Твитер за да се вклучат во потрагата по дезинформации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e