Џонсон го претстави манифестот на Конзервативната партија на 60 страници

Актуелниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон го претстави манифестот на Конзервативната партија, најавувајќи поголеми трошоци за здравствена заштита, подобар статус на медицинските сестри и заминување од ЕУ во јануари.

Борис Џонсон го претстави манифестот на 60 страници во Телфорд, посочувајќи дека неговата цел не е само да ја напушти Европската унија, туку и да ја „крене целата земја“ преку унапредување на здравството, образованието и полицијата.

Основниот аргумент на манифестот е дека доколку освојат власт, Конзервативците нема да го зголемат данокот на доход, осигурувањето и ДДВ.

Лидерот на Ториевците најави значителни трошоци во здравството – 34 милијарди фунти годишно за Националната здравствена служба, градејќи 40 нови болници во текот на следните 10 години, вработувајќи уште 50.000 медицински сестри и 6.000 лекари, пишува „Гардијан“.

Кога станува збор за Брегзит, Џонсон во својот манифест ветува дека ќе постигне договор со ЕУ пред Божиќ (25 декември) и ќе излезе од Унијата во јануари.

Според „Гардијан“, Џонсон дал неколку предлози за решавање на проблемите со социјалната заштита.

Лабуристичката партија ги претстави своите планови порано, а амбициите за трошење на двете партии се скоро невозможни да се споредат бидејќи разликата е огромна.

Според „Гардијан“, на една фунта која планираат да ја потрошат Ториевците, одат 28 фунти на лабуристите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e