Научниците Вилијам Келин, Питер Ретклиф и Грег Семенца ја освоија Нобеловата награда за медицина за 2019 година за откритието „Како ќелиите чувствуваат и се прилагодуваат на достапноста од кислород“, соопштуваат од Стокхолм.
„Добитниците на Нобеловата награда го открија механизмот на еден од најважните животни адаптивни процеси“, соопштува Нобеловиот комитет.
Наградата носи девет милиони шведски круни (околу 900 000 долари), пренесува Ројтерс.
Медицината е прва област за која се доделува Нобелова награда, а по неа следат физика и хемија.
Нобеловата награда е шведска награда, која била воведена во 1895 година според тестаментот на шведскиот хемичар и изумител Алфред Нобел. За прв пат во 1901 година биле доделени награди за физика, хемија, физиологија или медицина, литература и мир.