Чавушоглу: Ако не се исчисти областа од терористи, почнуваме нова воена операција во Сирија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска изјави дека Анкара ќе почне нова воена операција во североисточна Сирија, доколку областа не се „исчисти “ од терористи.

Тој рече дека САД и Русија не го направиле тоа што е потребно според договорот со кој се прекина турската операција во Сирија минатиот месец.

Според договорот, курдските сили требаше да бидат си заминат од североисточна Сирија, која граничи со Турција.

– Ако не добиеме резултат, ќе го направиме она што е неопходно, рече Чавушоглу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e