Цената на нафтата паѓа

На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира. Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 104,28 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 104,30 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 134,15 на 133,85 јени. Но, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0625 долари, додека вчера во ова време беше 1,0635 долари.

Цените на нафтата се под притисок втор ден по ред бидејќи инвеститорите стравуваат од пад на побарувачката во Кина поради ширењето на коронавирусот. Цената на барелот на лондонскиот пазар се лизна за 0,50 отсто, на 82,85 долари, додека на американскиот пазар барелот падна за 0,52 отсто, на 78,55 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e