Бикот Џери побегна од кланица, веќе три дена го бараат

Во Хрватска веќе трет ден трае потрагата за бикот Џери кој побегна од кланица во Каштел Стари, а иако бил лоциран во саботата вечерта, успеал повторно да исчезне.
Сопственикот на кланицата Петар Сејо вели дека се уште нема никакви сознанија за тоа каде животното може да се наоѓа.
Бекството на Џери стана главна тема во медиумите за време на викендот, но и на социјалните мрежи каде добива се поголема поддршка.

За избеганиот бик пишуваат и странските медиуми, кои пренесуваат дека неговиот сосптвеник Иван Божиќ рекол дека ќе му го поштеди животот на Џери, кому ова е второ бегство од смртта.
Во неделата попладне Џери се нашол во двор, а жената која го видела раскажала дека бикот е огромен и дека во првиот момент мислела дека халуционира.

Ознаки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e