Главната албанска опозиција, Демократската партија и Социјалистичкото движење за интеграција,упатија честитки до косовската опозиција за победата на вчерашните избори,оценувајќи при тоа дека Косово му покажа на светот дека е функционална демократија и оти го заслужува местото во меѓународните институции и процеси.
Лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша им честиташе на двете,како што наведува главни политички партии, на вчерашните предвремени парламентарни избори на Косово, Движењето „Самоопределување“(ЛВВ) и Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК).
-Косово отвори нова страница во своето патување како демократска држава. Народот на Косово гласаше за промена и и даде мандат на опозицијата да го води патот кон економската трансформација и евроатлантските интеграции. Најискрени честитки до ЛВВ и ЛДК, Албин Курти и Вјоса Османи за победата, напиша Баша на порака на Фејсбук.
Честитки упати и до лидерите на другите политички сили кои учестуваа на овие избори,кои „со нивните европски ставови даваат гаранција за напредок на Косово“ и додава дека народот на Косово постави инспиративен пример за граѓанска и масовна излезност.
-Вчера народот на Косово даде инспиративен пример со својот масовен и граѓански одѕив на изборите, косовската полиција покажа одличен професионализам со експресното приведување на оние кои се закануваа на тајноста на слободното гласање со тоа што го фотографираа истото. Косово му покажа на светот дека е функционална демократија и дека го заслужува што е можно побрзо неговото место и улога во сите меѓународни институции и процеси. Честитки за Косово,наведува Баша.
Лидерката на третата по големна политичка партија,опозициското Социјалистичко движење на интеграција (ЛСИ) Моника Круемади, срдечно им честита на сите лидери на политичките сили за нивниот успех и однесување на овие избори и оценува дека изборите во Косово се пример на демократска култура и граѓанска одговорност.
-Спроведувањето на изборите во Република Косово вчера беше одличен показател за демократската зрелост што ја постигнаа граѓаните и нивните политички претставници. Косово даде пример за демократска култура и граѓанска одговорност, што ќе има позитивно влијание врз зајакнувањето на неговиот меѓународен статус.Срдечни честити до сите лидери на политичките сили за нивниот успех и однесување на изборите,напиша Круемади.
Во истовреме таа посакува што побрзо да го види формирањето на новата влада и конститурањето на институциите за да бидат во служба на граѓаните на Косово.
-Посакува, што поскоро да видам формирање влада и конституирање на институциите кои произлегуваат од овие избори за да им служат на граѓаните на Косово и успешно да ги реализираат предизвиците што се пред него, во смисла на негово членство во сите регионални и меѓународни организации, а особено во унапредувањето на неговата интеграција во Европа,наведува Круемади.