Балканец присилен да му го даде бубрегот на шефoт во Германија

Германската и романската полиција работат на расчистување на бизарен и свиреп случај во кој маж од Балканот станал жртва на трговија со органи.
Несреќниот човек бил намамен во Германија со ветување за добро платена работа, но наместо на работно место, завршил во заробеништво на озлогласен криминален клан од Темишвар.
Според истрагата, водачот на кланот, кој со години живее во Германија и страда од тешка болест, во дослух со своите соработници го пронашол „идеалниот донатор“. На жртвата му биле одземени документите, а врз него бил вршен постојан терор.
За да се реализира трансплантацијата во болница во Минхен, жртвата била принудена да потпише лажни документи и да тврди дека е брат на водачот на кланот.
„Тие наводно се заканиле дека ќе ги убијат неговите родители ако не се согласи. Во јуни 2022 година, операцијата била извршена во болница во Германија, а бубрегот бил трансплантиран на Г. Ц., за кого се сомнева дека е водач на кланот“, соопштија властите.
Германските власти веруваат дека главните осомничени, вклучувајќи го и шефот на кланот и неговата сопруга, моментално се во бегство во Романија.
При претресот на нивната луксузна вила во Темишвар, полицијата не пронашла никого, по што е распишана меѓународна потерница. Додека соседите тврдат дека се невини, доказите од германската болница го говорат спротивното.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e