Демократот во Претставничкиот дом на САД, Џо Бајден првпат изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да биде подложен на импичмент, додавајќи дека тој „ја предал нацијата“ и ја прекршил положената заклетва при стапување на функцијата.
„За да се зачува нашиот Устав, нашата демократија, нашиот основен интегритет, тој мора да биде отповикан“, истакна Бајден пред своите приврзаници на митинг во Њу Хемпшир.
Поранешниот потпретседател на САД беше повеќе пати обвинуван, без директни докази, од страна на Трамп за корупција.
„Тој прави дупки во Уставот и не смееме да му дозволиме да се извлече“, нагласи Бајден, кој е еден од фаворитите за противкандидат на Трамп на претседателските избори во САД во 2020 година.