Во добар дух сум и среќен сум што сум жив“, вака новиот американски херој Аријан Превала го започна разговорот за несреќата која пред неколку дена се случи во американската држава Kонектикат. Со него разговаравме непосредно пред оперативниот зафат што треба да се случи во болницата во Бриџпорт. Иако, поради истрагата што се води во САД не беше во можност во поголеми детали да ни раскаже за настанот, сепак за 24 Вести ни кажа нешто повеќе за настаните во кабината и за студентот кој загина во несреќата.
Во разговорот за 24 Вести Аријан раскажа и за обидот да го спаси животот на студентот, за кого вели дека бил свесен дека имал проблеми, како и дека чуствува одговорност затоа што не успеал да го спаси животот на студентот од Јордан.
Не сум некој експерт да кажам дали беше или не терористички напад, објаснува Аријан, тоа што го знам е дека тој имаше некои внатрешно-духовни проблеми кои се зголемија, а не беа забележани од никого.
Летањето е негова пасија, а едвај чека повторно да се врати и на професијата и на обучувањето нови студенти.
Аријан е горд скопјанец и татко на 4 деца, тука има многу пријатели и роднини, го посетува Скопје секоја година, а во Македонија ги поминува летните месеци.
Извор: 24 вести
За поврзани вести продолжете надолу