Студентскиот протест во центарот на Атина заврши со судири меѓу дел од демонстрантите и полицијата.
Инцидентите настанале кога студенти од левичарски партии и здруженија, кои одржуваа посебен протест, се судрија со полицијата обидувајќи се да го пробијат блокот, ги нападнаа и специјалните полициски единици со камења и дрва, по што тие одговорија со солзавец и шок бомби.
Првиот блок на студенти од различни универзитети мирно и масовно протестираа низ улиците на Атина и пред грчкиот Парламент.
Студентите на протестот извукуваа „Бесплатни студии за секој студент“, „Нова демократија, слушнете добро вашиот закон ќе остане на хартија“, „Дајте пари за образованието, а не за колењата на НАТО“.