Апел на ЕУ до официјална Анкара: Запрете ги нападите во Сирија

Европската Унија ја повика Турција да запре со воените операции во северна Сирија и предупреди дека се загрозува стабилноста на регионот.

„Унилатерални акции од страна на Турција го загрозуваат остварениот напредок од страна на глобалната коалиција за пораз на Исламска држава“, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи.

Анкара започна воена акција во северниот дел на Сирија веднаш по напуштање на американските војници на регионот. Официјално целта на Турција е да се справи со членовите на ИД, но меѓу нив има и припадници на курдското движење, кое Анкара го обвинува за тероризам и сепаратизам, но кое одигра и клучна сојузничка улога за западните земји во борбата против ИД.

„Воените акции ќе ја поткопаат безбедноста на локалните партнери на коалицијата и ризикува да ја одолговлечи нестабилноста во северноисточна Сирија, оставајќи плодна почва за повторно враќање на ИСИС која и натаму претставува значајна закана за регионалната, меѓународната и европската безбедност“, предупредува ЕУ во својата реакција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e