Анкетата на Еј-Би-Си њуз и „Вашингтон пост“покажа: Американците се незадоволни од претседателските кандидати

Дури 57 посто од испитаниците се незадоволни од кандидатите за претстојните претседателски избори – демократката Хилари Клинтон и републиканецот Доналд Трамп, покажала анкетата на весникот „Вашингтон пост“ и телевизијата Еј-Би-Си (АБЦ).

35 отсто од анкетираните сакаат да гласаат за некој друг кандидат.

Од друга страна пак 59 отсто испитаници сметаат дека доколку гласаат за трет кандидат тоа може да резултира со победа на кандидатот кој им е помалку прифатлив, објави Еј-Би-Си на својот сајт.

Изборите во САД се закажани на 8 ноември оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e