48 лица загинаа во самоубиствен напад во Кабул

Најмалку 48 лице загинаа, а 112 се повредени при експлозија во Центар за регистрација во избирачки списоци во авганистанскиот главен град Кабул.

Здравствени претставници изјавија дека бројот на жртвите би можел да се зголеми.

„Луѓето беа собрани за да ги земат личните карти. Експлозијата се случи на влезот. Тоа беше самоубиствен напад. Се уште не се знае колку точно има жртви“, изјави началникот на полицијата во Кабул, Дауд Амин.

Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот.

Центрите за регистрација на избирачи се отворени ширум Авганистан поради подготовки за долго одложуваните избори, кои се планирани за во октомври оваа година.

Извор: 24ТВ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e