20% – поевтинување – Цената на нафтата драстично падна

Драматичната најава на американскиот претседател Доналд Трамп за двонеделен прекин на огнот со Иран веднаш ги „собори“ цените на суровата нафта на светските берзи. По неколкунеделна неизвесност и страв од глобален колапс, пазарите конечно здивнаа.

Цената на нафтата од типот Брент забележа пад од 16 проценти и сега се тргува за околу 92 долари за барел. Уште подрастичен е падот кај американската лесна нафта (WTI), која поевтини за дури 19 проценти, спуштајќи се исто така на нивото од 92 долари.

Сепак, експертите предупредуваат дека иако ова е позитивен сигнал, цените се сè уште значително повисоки од оние во февруари, кога барел нафта чинеше околу 73 долари пред почетокот на конфликтот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e