Со ултиматуми не се бара оставка

Точно во 14.30 часот во понеделникот (8.11.2021) истече ултиматумот на опозицијата, премиерот Зоран Заев да ја поднесе ветената оставка до Собранието. Барањето за недоверба на владата е поднесено веднаш по истечениот рок, а во четврток во 11 часот пратениците ќе одлучуваат дали ќе паднат Заев и владата. Поделената јавност во земјата уште два дена ќе чека бел или црн чад од „оџакот“ на Парламентот.

Неизвесноста сѐ уште трае бидејќи од двете страни се тврди по десетина пати дневно дека имаат мнозинство од 61 глас, па и повеќе. Едните велат дека останува владата, другите дека заминува. Би било возбудливо и интересно да е спортски натпревар, но во случајот е прилично трагично, бидејќи нестрпливата опозиција што побргу да ја освои власта не ги препозна и не ги прифати државните интереси. Со ултиматуми и уцени не се одредуваат рокови за веќе најавена оставка.

Ако Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ обезбедиле мнозинство во Собранието како што објавуваат, тогаш многу логично е прашањето зошто тие го одредуваат датумот, односно денот и часот кога премиерот Заев да ја поднесе оставката до Парламентот, дали два или три дена подоцна отколку што тие наумиле.

Очигледно, по поразот на локалните избори на СДСМ и по ветувањето на Заев дека ќе поднесе оставка, во ВМРО-ДПМНЕ и „непринципелната“ коалиција тргнале по логиката железото да се кове додека е жешко. Но, изгледа рацете што ќе удираат по вжештеното железо со чеканот и ќе коваат нова иднина не се доволно силни.

Заев не ја прифати понижувачката сатница на Мицкоски

Станува клучно прашањето дали ветената оставка на премиерот Заев станува беспредметна по поднесеното ултимативно барање на опозицијата до Собранието за изгласување недоверба на владата. Како што се виде, Заев не ја прифати црвената линија и условувањето со понижувачка сатница Мицкоски да одредува кога тој треба да поднесе оставка.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e