Да не се појавиш на собраниски избори е политичко харикири
Во нашиот изборен систем нема такво нешто како „кандидат за мандатар“.
На парламентарните избори бираме пратеници кои дури потоа бираат мандатар и составуваат влада.
Дури откако ќе се конституира собранието, во рок од 10 дена, Претседателот е должен да го довери мандатот на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието.
Значи, за да добиеш мандат, многу логично е прво да трчаш на избори, да добиеш поддршка прво од граѓаните на терен, а потоа да добиеш поддршка од минимум 61 пратеник за да станеш мандатар.
Се разбира, може и да не се појавиш на избори и да се надеваш на поддршка од 61 пратеник по конституирањето на собранието како мандатар за влада.
Ама, ваквото „бојкотирање“ на парламентарните избори си има свои последици:
Прво, ако не си кандидат/ка за пратеник во собранието, тогаш нема место за тебе во изборната кампања, која е кампања за избор на пратеници.
Второ, ако не си дел од изборната кампања и понуда, тогаш не треба да бидеш претставуван во медиумите за време на кампањата, бидејќи тогаш би го трошел времето за изборно претставување на кандидатите за пратеници.
Трето, ако не си дел од изборната кампања и понуда, тогаш нема никаква причина да бараш ТВ дуел со другите кандидати за пратеници.
Накусо, ако не си дел од изборната понуда и кампања, нема што да се прави муабет со тебе за време на кампањата за собраниски избори, бидејќи не си кандидат за собранието!
Практично, тој што го советувал Мицкоски да не се кандидира на избори, го советувал да направи политичко харикири.
ФБ статус на Жарко Трајаноски