-Од падот на Берлинскиот зид во 1989 година, историските услови ѝ наметнаа на новата социјалдемократија на Балканот одредени правила на однесување. Промените и приватизацијата ги зголемија социјалните разлики и невработеноста. Беа десеткувани здраственото и социјалното осигурување, додека синдикатот, некогашната моторна сила на левицата, беше маргинализиран. Во недосток на буџетски средства социјалната држава, или попопуларно „државата на благосостојба“, беше немоќна да ги покрие сите социјални празнини во општеството. Затоа мора да ѝ се честита на екипата на Заев и Царовска што во овој домен имплементираа вистински социјалдемократски проект. Беше донесен Законот за социјална заштите, кој воведе позитивни промени, како што се социјалната пензија, зголемување на висината на детскиот додаток, хуманизација во сместувањето на децата без родителска грижа, подигнат прагот на минимум платата, се избришаа старите долгови, се промени законот за извршители… На Балканот и во Европа социјалдемократијата (социјал-либералите) сѐ уште ќе може да победува, но под услов да ги применува императивите и програмите на времето во кое што живееме, пишува Нано Ружин во својата колумна за Независен.
-Стратешките определби на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, се моментални, иреални и без долгорочни политички визии. На пример, заложбата за „враќање на името“ и „поништување на Преспанскиот договор“ се утописки. Специфичностите на популизмот се комплексни за дешифрирање, но олеснителна околност е што во расправите и однесувањето поседуваат заеднички точки и сличен политички менталитет. Нивните дискурси и позиции се провокативни, безобразно навредливи или екстремно хипокритични, што меѓу секој внимателен набљудувач рефлектираат чудење и дилеми за искажаните фантазми, заклучува Ружин во колумната.
Целиот текст прочитајте го на Независен.