Денес во Македонија се случи голема работа, голем скок за нашето здравство, за животот, но и голема лекција за хуманост.
Честитки за тимот што од мртвилото вдахна нов живот. Не ќе беше тоа можно без нивната пожртвуваност кон науката и медицината, години и години учење и надоградба.
Покрај тоа ова е и лекција за хуманост. Ништо од тоа знаење и целата технологија ќе беа немоќни доколку немаше донор. Со својата смрт да избави друг човек од истото, да му дари години со семејството, со пријателите, со деца и внуци. Од смрт на непознат човек му го даде најголемиот подарок на втор живот. Вечна му/ѝ слава на донорот и благодариме за лекцијата по хуманост.
ФБ статус на Божидар Божиновски