Врањеш ѝ фрлил око и на Северина, но таа го блокирала

Огњен Врањеш се обидел да заведе уште една позната пејачка, пренесува српски „Свет“. Според порталот, фудбалерот буквално „откачил“ кога ги видел порно-фотографиите на Северина.

Врањеш дури и ѝ испратил и неколку пораки на „Инстаграм“.

Севе му падна в очи кога во јавноста се појавија нејзините голи фотографии, прво во август минатата година, а потоа и во почеток на октомври. Штом беа објавени фотките на кои се гледаат нејзините голи гради, почна да ѝ пишува: „Дали е можно ова? Презгодна си! Гориш“, а потоа и „Брутална риба си!“, раскажува извор за „Свет“.

Според зборовите на изворот, Северина го одбила додворувањето на Врањеш и го блокирала на „Инстаграм“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e