Трамп со остри осуди кон Меган

Американскиот претседател Доналд Трамп (73) е познат по својот „долг јазик“ и потребата да даде свое мислење за сите случувања и тоа без цензура. Гостувајќи во една радио емисија, за политичките теми зборуваше со Најџел Фараж (55), но Трамп за кратко време премина на војводската Меган Маркл (38) и ѝ додели остар совет.

– Ги гледав нејзините интервјуа и забележав дека се сфаќа премногу лично и сериозно. Не се носи добро со медиумските критики бидејќи е преслаба. До некаде можам да ја разберам, но не ја познавам – рекол претседателот Трамп.

За разлика од Меган, Трамп го има запознаено принцот Хари (35) и за него има високо мислење.

– Тој е едно прекрасно момче. Целото семејство е прекрасно – заклучи Трамп, иако не можеше да се сети во која прилика го запознал принцот, но се чини дека оставил добар впечаток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e