Познатиот српски пејач Жељко Самарџиќ викендов престојуваше во Македонија.
Пејачот на својот Инстаграм профил се пофали дека е дел од еден отворен фестивал во Струмица, но и дека ужива во преубавиот Охрид.
Самарџиќ изгледа одлично и ги израдува фановите кои се загрижија за неговото здравје откако неодамна објави дека му е откриена болест и е намалена функцијата на штитните жлезди.
Од моментот кога дознав за болеста како да ми се сруши светот, не ни знаев што ми е. Сега продолжувам со нормалниот живот, бидејќи редовно ја земам терапијата на секој три месеци идам на контрола и проверувам крв. Мене болеста ме промени од корен, а јас порано земав чаша ракија или вино, но сега тоа не можам да го направам, бидејќи го чувам гласот. Кога тоа ми функционира се е ок, рече Самарџиќ за српските медиуми.
Тој во преубавиот Охрид запеа и македонска песна, но и стана да игра во преполната кафеана, погледнете: