Разводот помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли е на повидок. Иако со години се шпекулираше дека бракот им стои на „стаклени нозе“, популарната брачна двојка сепак успеа да им одолее на искушенијата и да опстане. Но пред неколку дека пристигна и официјалната потврда дека се разведуваат. Причината – се’ уште не е доволно разјаснета, но се шпекулира дека популарниот актер повеќе не можел да го толерира променливото однесување на својата посесивна сопруга. Како и да е, реакцијата на неговата бивша сопруга Џенифер Анистон, со која се разведе откако ја почна врската со Анџелина, ги наполни столпците на американските таблоиди.
„Тоа е карма“, наводно изјавила шармантната Џенифер, која е во брак со својот колега Џастин Теру.
За поврзани вести продолжете надолу