Американската актерка и пејачка Дајен Керол почина денеска на 84 години, соопшти нејзиното семејство.
Нејзината ќерка Сузан Кеј информира дека мајка и починала во Лос Анџелес, од рак.
Керол беше номинирана за Оскар, а со светска слава се стекна како прва афроамериканска актерка која ја имаше главната улога во тв серијата Џулија, а притоа немаше улога на слугинка.