Иако уште е на самиот почеток на нејзината музичка кариера, Анастасија Ражнатовиќ признала дека кога е љубовта во прашање, би се откажала од сè друго.
Таа објаснила дека поддршката ѝ е важна и како што семејството и пријателите ѝ се приоритет, така ѝ е и љубовта.
„И кариерата и љубовта ми се важни, но ако морам да избирам, ќе ги изберам оние кои ми се пријатели, поддршка, љубов, животен сопатник. Тоа го ставам пред сè друго“, изјавила таа.