Македонскиот поп-пејач, Ламбе Алабакоски, кој заедно со својата сопруга и синот живеат на Флорида, ги израдува фановите со среќна вест.
Имено, тој на својот Инстаграм профил објави дека ќе стане татко по втор пат, споделувајќи фотографија од ултразвукот.
„Радувајте се на малите нешто во животот, тие се најголеми! Радоста наша верувам е и ваша“, напишал пејачот под фотографијата.
Ламбе и неговата сопруга Магдалена имаат еден син, кој се родил на роденденот на Ламбе во 2014 година.