Во последната епизода на српското музичко шоу „Ѕвезде Гранда“ за поминување понатаму се бореше и Крстиња Тодоровиќ од Подгорица.
Крстиња веќе се има појавено во неколку сезони на ова шоу, меѓутоа не оставирла некој значителен успех, па повторно се пријави. Откако застана на сцената, вниманието, освен со пеењето, го привлече и со изгледот. Имено, и претходно некои членови на жирито ѝ замерила на вишокот килограми.
И овој пат нејзиниот изглед беше во преден план.
– Крстиња, дали ти знаеш дека во првиот двобој, знам дека ова е одвратно, безобразно и не е пристојно, но ти ја велам страшната голема вистина, дека пејачката која пее 70 % полошо, а изгледа пристојно за широката популација, те исфрли: – ѝ рече Марија, а Крстиња имаше подготвен одговор.
– Јас сум свесна, но би сакала да се трансформирам во овој натпревар – рекла Крстиња.
Во расправијата за килограмите се вклучи и Јелена Карлеуша, која и рекла дека досега требало да ослабе доколку навистина и значело тоа.
– Мислам дека е срамота една убава, млада и талентирана девојка да има волку вишок килограми. Тоа е некултурно. Кога би те зела месечно ќе губиш по 10 килограми и до јуни би била риба – ѝ рекла Карлеша.
Во бекстејџот бил таткото на Крстиња кој е готвач, а тој се сложи со Јелена и рекол дека целото семејство ја поддржува, но таа не е упорна и не се труди да ослабе.
Крстиња добила пет од седум гласови на жирито, а ментор во наредните кругови ќе и биде Марија Шерифовиќ.