Карлеуша распали по младиот колега – Од неговата песна ми се повраќа

Младиот пејач од Хрватска, Јаков Јозиновиќ, што преку ноќ го освои целиот Балкан, повторно главна тема во медиумите.

Овој пат многумина го осудија откако забранил на Јутуб да се објави настапот на пејачот Павле Петковиќ кој со неговата позната песна „Ја волим“ се натпреваруваше во „Пинк ѕвезди“.

Како што наведе Јаков забранил да се изведува неговата песна и објавува на официјалниот канал на Пинк, каде беше отпеана песната.

И бидејќи Јаков е некој што својата кариера ја направи исклучиво со пеење туѓи песни, бидејќи освен споменатата песна нема ниту една друга своја, неговата одлука разлути многумина.

Една од нив е и Јелена Карлеуша, која што е дел од жирито во Пинк ѕвезди, а која од самиот почеток го осудува начинот на кој овој хрватски пејач ја гради својата кариера.

„Како што знаете, јас сум член на жирито на ‘Пинкови ѕвезди’, најгледаното талент-шоу на Балканот, а веројатно и пошироко. Што се случи? Се случи тоа што еден од нашите натпреварувачи избра да се натпреварува со песна на моментално многу актуелниот и симпатичен млад дечко, Јаков Јозиновиќ. Тоа е онаа иритантна песничка ‘Ја волим кад си ту’, од која реално ми се повраќа. Избра да ја пее таа песна и дечкото тоа одлично го направи“ – започна Јелена, па додаде:

„Еве веќе 30 години, на ниту еден концерт никогаш немам отпеано туѓа песна. Пеам од 16-годишна возраст, наплаќам карти само за она во што сум го вложила целиот свој живот, труд, работа, талент и веќе милиони евра за тие песни да станат хитови. Кога пеам по клубови, ќе испеам по некоја туѓа песна понекогаш, но 99 отсто од мојот репертоар се мои песни и мои најголеми хитови. Ако веќе сакате да им направите добро на младите луѓе, апелирајте до нив да снимаат свои песни. Ако веќе снимаат туѓи, нека биде барем приближно добро како оригиналот или можеби подобро“ – рече Јелена и во видеото објави дел од настапот на младиот пејач од ТикТок, Дејан Вране, кој во снимката пее песна од Бијело Дугме.
„Еве послушајте како треба да звучи кога еден млад пејач пее туѓа песна и ‘растура’. Ако Јаков Јакуровиќ, Јазокузовиќ полни пет, шест, седум Сава центри со пеење туѓи песни, а тоа не звучи подобро од оригиналот, тогаш ова момче кое и да е — јас не знам како се вика, но ме воодушеви и ме остави без текст — заслужува Ушќе“ – порача Карлеуша во снимката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e