Инстаграм модел се претвори во анти-херојот на Marvel – „Венам“, а во клип го покажа нејзиниот јазик долг 16,5 см, како и нејзиното насликано голо тело. Микаила Саравија од Флорида е многу позната на Интернет, откако успеа да привлече над 2 милиони следбеници.
Јазикот на моделот е долг 16,5 сантиметри, и таа го користи секој момент за да им го покаже на своите фанови. Микаила, кој е заколната обожавателка на стрипови, се наслика како главниот лик во филмот на Marvel од 2018 година „Венам“ – главниот непријател на човекот пајак, кој има монструозно долг јазик.
Во клипот поставен на Инстаграм, 21-годишната девојка шета низ една пуста улица среде бел ден, покажувајќи го јазикот.
Десетици обожаватели во коментарите ја пофалија манекенката за нејзиниот изглед и колку добро се справува со нејзината улога.