Гоца Тржан со МОЌНА ПОРАКА до сите жени кои се борат со неплодност

Гоца Тржан оди по третпат на вештачко оплодување и поминува низ тешка борба. Таа отворено зборува за борбата за потомство и обидите да добие уште едно дете.

„Третпат одам на вештачко оплодување. Морам да кажам дека немам големи очекувања. Ќе видиме, но знам дека нема да паѓам во депресија, ниту да се потресувам ако и овојпат не успее“, изјавила таа за „Хит Информер“.

Пејачката двапати досега се обиде да добие второ дете по овој пат, но не губи надеж, ниту пак има намера да се откаже. Во своето обраќање таа испрати моќна порака до сите жени кои се соочуваат со истиот проблем:

„Неможноста за забременување е како епидемија во денешно време. Тоа луѓето мора да го сфатат и да почнат да одат редовно на прегледи, да се обидуваат со инсеминации, да ги средат хормоните и сите други нешта кои не функционираат“, додала таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e