(Фото) Разводот ги спои: Анџелина Џоли утехата ја најде во овој познат актер

Во центарот на мноштвото информации околу разводот од Бред Пит, со кој мина 12 години, Анџелина Џоли, наводно, утеха пронашла во стар пријател. Како што пишува „Сан“, станува збор за Џони Деп, кој и самиот мина низ прилично бурен развод од манекенката Амбер Херд.

Џоли и Деп, наводно, се во контакт од 2010 година, кога заедно го снимале филмот „Турист“, а, како што наведува овој британски таблоид, актерот во моментов ѝ е голема поддршка. Со негова помош ја одбрала и адвокатката што ќе ја застапува во бракоразводната парница, Лаура Васер, која го застапувала и него.

jolie-i-depp-na-golemoto-platno

Нивните пријатели велат дека станале толку блиски што веќе им предивидуваат заедничка иднина.

Амбер Херд пролетва оваа година побара забрана за пристап на Деп, кој, како што тврдеше, брутално ја претепал, а, наводно, тоа го правел повеќе пати.

За поврзани вести продолжете надолу

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e