Феникс открива дали ќе има втор дел од „Џокер“

Режисерот Тод Филипс неодамна изјави дека ќе сними втор дел од „Џокер“ само доколку актерот Жоакин Феникс го посака тоа. А што мисли самиот тој околу продолжението на филмот?

Во едно интервју, Феникс изјавил дека дури и пред да биде реализиран „Џокер“, тој и продукцијата разговарале за продолжение, но ништо официјално не е одлучено.

„Му реков на Тод (Филипс) дека овој лик може да биде вметнат во кој и да е филм“, кажал актерот.

Филипс, пак, смета дека ако се договорат со Феникс, може да се направи само уште едно продолжение, но и дека тоа во голем дел зависи и од останатите актери.

„Договорени сме дека ако се снима втор дел, мора да биде барем подеднакво добар како и првиот. Работата мора да биде сериозна, а додека не сме сигурни во тоа, нема ни да се обидуваме“, изјавил Филипс.

Иако тој засега нема планови за втор дел, дециден е дека крајната одлука ќе биде на Жоакин Феникс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e