Џамбазов револиран: Адвокатите веќе работат на случајот и наскоро ќе се откријат лицата кои стојат зад ова

Актерот и шоумен Игор Џамбазов реагираше откако неговиот лик бил злоупотребен во лажни реклами за слабеење што кружат на социјалните мрежи.

Во објава на Фејсбук, Џамбазов јасно демантира дека има било каква врска со производи за слабеење или наводни „чудотворни“ третмани.

– Не, не сум ослабен 20 килограми. Не, немам од тие таблети, чаеви или масти. И не познавам никаква докторка Елизабета – напиша тој.

Тој појасни дека станува збор за лажни видеа кои веќе десетина дена се појавуваат и повторно се враќаат на социјалните мрежи, и покрај тоа што се пријавуваат.

Џамбазов предупредува дека ова е класичен случај на интернет криминал, при што се злоупотребува неговиот лик и име за комерцијални цели.

– Адвокатите веќе работат на случајот и наскоро ќе се откријат лицата кои стојат зад ова – порача тој.

Во својата реакција, актерот испрати и јасна порака до сторителите, нагласувајќи дека ќе се соочат со последици за ваквата злоупотреба.

-Ви доаѓа крајот, да знаете…И скапо ќе го платите ова, порача тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e