ДА, УСПЕАВМЕ: Џонатан Ван Нес во фустан на насловна страница на Космополитен (ФОТО)

Британското издание на популарниот магазин Космополитен ја објави насловната страница за јануари 2020, на која се појавува Џонатан Ван Нес, со нови патики и фустан на Кристијан Сиријано, направен токму за него.

Ова е всушност првата насловна страница на британскиот Космополитен во цели 35 години на која има маж, а не жена, ако не се брои онаа со бендот One Direction во 2012. Ван Нес го нарекуваат и човечки ураган на позитивноста.

Последен маж кој се појави на насловната страница на овој магазин беше Бој Џорџ во декември 1984 година. Ван Нес може да се пофали и дека е првата личност со брада која излегува на насловна на Космополитен, на кое и да било издание досега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e