Зошто Интерпол не го бара Груевски?

Македонското претставништо на Интерпол во МВР без одговор зошто од главната канцеларија нема образложение зошто нема меѓународна потерница за експремиерот Никола Груевски. Азилот добиен од унгарските власти и аболицијата од претседателот Иванов, можат да бидат причините за Интерпол да не го бара Груевски, смета универзитетскиот професор Трпе Стојановски.

„Самите овие чекори упатуваат на внимателност или осетливост на предметите за коишто РСМ има истакнато барање за распишување на меѓународна потерница. Тоа само говори дека станува збор за поосетливи случаи за коишто треба многу подетално и поаргуменирано да се обезбедат доказите коишто ќе бидат прфатени, во случајот Интерпол за да постапи по нив и тука треба да се бара натамошното разбистрување на тоа што не е доволно убедително“, изјави универзитетскиот професор Трпе Стојановски.

Идентична е прасксата и со вработениот во УБК Никола Бошкоски, кој очекува епилог од барањето за азил во Грција. Груевски политичкиот азил во Унгарија го доби пред половина година. И двајцата се бегалци – осомничени организатори за крвавиот четвоток.

Шефицата на обвинителството за организиран криминал Вилма Русковска обелодени дека Интерпол два месеици не ги објавува имињата на Груевски и Бошкоски и не образложува зошто. Но, постапувајќи по истата процедура, појасни дека претходно била објавена на Интерпол меѓународната потрага за петмина осомничени за крвавиот упад во собранието. Покрај Груевски и Бошкоски, осомничени нарачатели за собранискиот упад под кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста се и поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски и ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e