Пред осум-девет месеци, по секоја изјава на Груевски дека ќе има избори (во термините кога потоа ги немаше), 90 отсто од опозициските „аналитичари“ паѓаа во депрерсија: „готово е, Грујо доби се’ што сакаше, сите капитулираа пред него, странците…“. Сега слична мантра во врска со платформата на албанските партии: „готово е, државата оди во федерализација“.
Зреењето, вклучувајќи го и политичкото, е релативно бавен процес, и не се постигнува преку ноќ, но сепак, барем нешто треба да се научи од овие години политички живот, што го имаме гледано.
Следната влада, кој и да ја направи, НЕМА ДА ВЛАДЕЕ, туку нејзина единствена важна функција ќе биде да подготви терен за вистински регуларни избори, без клиентелизам, притисоци, закани и лажирања. Тоа вклучува попис и чистење на избирачкиот список. Затоа е неопходно да ја состави СДСМ. Со Грујо ќе немаме регуларни следни избори, а тој ќе нема стабилна влада.
Неговите чипирани ќе го проголатаат без проблем легнувањето во кревет со „клетите“, ама не верувам дека вториве ќе прифатат без проблем да глумат лудило со некој што само кога е неискрен (односно, кога му требаат) им покажува гестови на пријателство.
Поенатата ми е дека нема причини од депресија. Дури и да се договори некаква непринципелна коалиција на досегашните владини партнери, само ќе се компромитираат уште повеќе нејзините учесници. Животот за повеќето граѓани нема да заврши во тој ден. Ќе има следен ден, па нареден месец, па уште два-три… Таа коалиција ќе треба да одговори на некои прашања, а се’ потешко ќе одговара.
Според мене, клучното е Македонците да се обидат да сфатат дека за незадоволството на Албанците има реални основи, да се стават во нивна кожа и да видат дека многу често, во многу ситуации им е потешко отколку што ни е нам. Ако се направи тоа, следната платформа нема да ја пишуваат албански партии, туку македонски и албански заедно. Дури тогаш таа ќе има шанси да донесе вистинска рамноправност. Оваа како што е сега во оптек, ќе заврши со политикантски компромиси, кои подоцна ќе бидат дополнително деградирани во примената, што ќе ја зголемува фрустрацијата на двете страни – Албанците ќе се и натаму незадоволни и постојано „ќе бараат“, а Македонците на секое барање (платформа) ќе бидат „шокирани“ од тој список.
Ако сакаме реално надминување на овие прашања, неопходен е многу поискрен однос, а пред се’ влегување во кожата да другиот, за да се разбере зошто нешто бара, односно зошто во некои барања се сомнева. Од тоа почнува, а и завршува за да биде успешно – од искрениот приод
Миодраг Мишолиќ – Фејсбук статус