Зоран Трифуновски – нов организациски секретар на СДСМ

Зоран Трифуновски од Скопје е нов организациски секретар на СДСМ, откако од оваа позиција се повлече Мартин Костовски, кој претходно беше кандидат на партијата за градоначалник на Куманово..

Промената доаѓа по локалните избори, на кои Костовски не успеа да обезбеди пласман во вториот круг во трката за градоначалник на Куманово. По изборниот резултат, тој се дистанцираше од партиските активности во СДСМ.

Со назначувањето на Трифуновски, СДСМ прави кадровска промена во организацискиот дел, во период кога партијата се соочува со внатрешни предизвици и потреба од реорганизација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e