Во осум оперативни технолошко индустриски развојни зони на седум локации во земјава во фаза на изградба се вкупно 15 нови фабрики. Властите преговарале со уште три странски компании кои допрва треба да потврдат дали ќе инвестираат во земјава, а две компании почнуваат да работат како браунфилд инвестиции надвор од зоните. Според проценките, се очекува да инвестираат најмалку 100 милиони евра и да отворат околу 5.500 работни места.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека е оптимист и очекува годинава приливот на странски инвестиции да биде околу 5% до 6% од бруто домашниот производ, што би било над 600 милиони евра. Капитал анализира кои компании ќе инвестираат во земјава, колку пари ќе инвестираат и колку работни места ќе отворат?! Кои се главните забелешки на инвеститорите за водењето бизнис во земјава и колку власта има слух да ги адресира овие проблеми?!
15 нови фабрики се градат во технолошко индустриските развојни зони, а се преговара со уште три компании кои набрзо треба да донесат конечна одлука да инвестираат во земјава, велат од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Според проценките, вкупната инвестиција на овие компании во следните неколку години ќе биде најмалку 100 милиони евра, а бројот на работни места се очекува да се зголеми за над пет илјади само годинава, како во постојните фабрики коишто го прошируваат производствениот капацитет, така и во неколкуте нови што треба да почнат со работа.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека е оптимист и очекува годинава приливот на странски инвестиции да биде околу 5% до 6% од бруто домашниот производ, што би било над 600 милиони евра.
Целиот текст на Капита прочитајте го на следниот линк