Доколку добиеме датум за преговори со ЕУ, ќе се промени политичката агенда, рече Љупчо Зиков во гостувањето на 1ТВ.
– Доколку добиеме датум за преговори со ЕУ, ќе се промени политичката агенда. Во тој случај партиите ќе мораат да се прилагодуваат бидејки во тој момент ќе требаат тимови кои ќе преговараат. Ако ние почнеме да преговараме во јануари, главата 23 и 24 од преговорите, владеење на правото и борба против организиран криминал, тоа ја менува целата општествена динамика во државата и наредната година ќе бидеме сведоци на нови закони, институционални реформи и на акција да се спроведат тие закони, потенцираше Зиков