Македонија простор за предвремени избори нема, туку изборите ќе бидат редовни изјави Љупчо Зиков во неговото гостување на 1ТВ на прашањето на новинарот Александар дали Македонија ја чекаат нови предвремени парламентарни избори.
Зиков оваа теза ја темели на фактот дека не очекува прием во НАТО како полноправна членка во декември или јануари следната година но и датумот за преговори со ЕУ сега во јуни или пак за неколку месеци што за него е ирелевантно бидејки без разлика дали датум ќе се добие во јуни или во септемврри ние преговорите секако ги почнуваме некаде во месец јануари следната година.
Дополнително, Зиков вели и дека со самата реконструкција на владата, оваа влада може да владее наредните 18 месеци а некаде во првиот квартал на 2020 година е закажан и пописот што дополнително би ги одложило изборите така да Македонија ќе оди на редовни парламентарни избори при крајот на наредната година.