Зибери: Чаир е најголемо жариште на коронавирус во моментов

Директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, во вечерашното гостување во емисијата “Топ тема” на Телма телевизија изјави дека денеска биле регистрирани нови случаи на заболени од ковид-19 речиси во сите скопски општини и затоа е предложена целосна изолација за градот Скопје.

“На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се дискутираше многу долго и се анализираа сите бројки, податоци, индикации, информации од терен и Комисијата одлучи преку министерот за здравство до Владата да предложи карантин кој ќе започне од четврток во 21 часот и ќе трае до понеделник до 5 часот за Скопје, Тетово, Штип и Куманово, не само за општините, туку за целите региони затоа што од овие жаришта имаме нејмногу новозаразени случаи. Ова е најдобриот можен избор затоа што не можете Скопје да го изолирате по општини. Не е возможно градот Скопје да се изолира парцијално, затоа се одлучивме да одиме со целосна изолација на Скопје, а за другите градови предложивме полициски час од 16 часот до 5 часот изутрина.

Чаир е најголемото жариште во моментов и има најголем број на новозаразени. Но, и другите општини се под ризик. За споредба, во најголемиот пик во април во Сарај немавме ниту еден заразен, па имавме после еден период од две до три недели каде во Сарај се зголемуваше бројот на новозаразени, но тие беа локализирани во неколку села, во неколку семејства. Во текот на последнава недела гледаме дека во Сарај се стабилизира состојбата. Студеничани е проблем во моментот, исто така и Арачиново, а и во Центар се регистрирани нови случаи, односно во сите скопски општини имаме нови случаи и затоа донесовме одлука дека не можеме да ги изолираме одделно скопските општини” – објасни Зибери.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e