Живковиќ: Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети

Претседателот на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ, Милан Живковиќ, на прес конференцијата истакна дека како одговорна партија преку бројни мерки и политики покажуваат дека вистински се залагаат за подобар живот на сите граѓани.

„Детската заштита и грижата за најмладите остануваат главни приоритети на кои посветено и во континуитет работиме. Потпишани се договори за изградба на 5 нови градинки во општините Струмица, Ѓорче Петров, Крива Паланка, Боговиње и Ресен. За оваа намена обезбедени се 228 милиони денари или 3.7 милиони евра. Со изградбата на новите градинки капацитетите ќе се зголемат за дополнителни 760 деца. Се повеќе деца вклучуваме во предучилишната грижа и воспитување“, посочи тој.

Живковиќ нагласува дека детската заштита е подигната на многу повисоко ниво. Потврда за тоа е за 300 отсто зголемениот буџет на Министерството за труд и социјална политика за оваа година наменет за нови градинки и подобрување на квалитетот на предучилишното образование.

„Истовремено, покрај инвестирањето во нови градинки, се инвестира и во човечките ресурси во градинките. Преку зголемување на платите и јакнење на компетенциите на кадарот во градинките градиме вистински квалитетно предучилишно образование“, изјави Живковиќ.

Тој додава дека со изградба на нови објекти, се креираат дополнителни 7.500 места во установите за згрижување и воспитание на деца и со тоа се зголемува опфатот на децата од 3-6 години на 50 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e