Жичарницата на Водно одамна не смеела да превезува патници, вели Стојановски од синдикатот на ЈСП

Жичарницата од Средно Водно до врвот на скопскиот рид и Милениумскиот крст, повеќе од 10 дена не е во функција поради сервисен зафат, а додека траат поправките, Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП изјави за „Вечер“ дека жичницата во изминатиот период работела „без работна дозвола“.

Тој вели дека жичницата „одамна не требало да превезува патници“ бидејќи „немала работна дозвола“. Стојановски не знае зошто продолжила да функционира.

„Веќе беше критично и затоа мораше да се сервисира“, вели Стојановски и додава дека поправката ќе потрае бидејќи се работи за голема инвестиција, а едно тркало тежи 190 килограми.

Жичницата кон врвот на Водно и Милениумскиот крст работи повеќе од 14 години. Нејзината изградба чинеше 6,7 милиони евра. На крајот од минатата година, Владата најави дека има во план да ја догради втората планирана фаза од жичницата, од Капиштец до Средно Водно.

Тогаш директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски рече дека се прават анализи и пресек на проектот, потсетува „Вечер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e