Жерновски во Топ Тема: Стабилноста, безбедноста и иднината на државата е во прашање доколку дојдат мигранти

На прашањето кои се реалните закани и зошто, бидејќи имаме договори за реадмисија, ФРОНТЕКС и слично, Жерносвски во Топ тема на ТВ Телма одговори дека стабилноста, безбедноста и иднината на државата е во прашање доколку дојдат вакви мигранти.

Дали има поврзаност меѓу кредитот и мигрантите? – Има. Значи или нема да има во Македонија шест милијарди евра или нема да има мигранти. Едното со друго не оди, тоа е вистината за која ние прашуваме уште од мај. Што се крие позади овој договор прашуваме. Велика Британија уште од Брегзит, кога ги направи правилата за миграција има недостаток од 330.000 работни места. Таква Британија овде праќа работна сила, рече Андреј Жерновски – поранешен заменик министер за надворешни работи во вечерашната Топ Тема.

Тој додаде дека Велика Британија имаше 2022 година рекордна стапка на инфлација во последните 40 години, сега е 4%. Со таква економска ситуација доделува средства?, праша Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e