Жерновски: Останувам умерен оптимист за преговарачкиот процес за влез во ЕУ

Заменик министерот за надворешни работи и поранешен градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски во „Топ Тема“ на ТВ телма истакна дека останува умерен оптимист дека до петок ќе го започнеме преговарачкиот процес за влез во ЕУ.

„Останувам еден умерен оптимист дека, ако не во четврток, тогаш во петок ќе завладее разумот, ќе биде прифатен притисокот од сите останати земи и дека ќе го започнеме преговарачкиот процес. Тоа не значи дека веднаш ќе влеземе во Европската Унија, но значи дека ќе бидеме наградени за тоа што го направивме во овој период. Во последниот извештај беше обележано дека Северна Македонија е ѕвезда што сјае и ние ќе продолжиме и понатаму да сјаеме без разлика на ставовите на Антонио Милошоски или ВМРО-ДПМНЕ„, истакна тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e