Жерновски: Опозицијата во коронавирусот виде шанса за одложување на изборите

Почна една недисциплина која беше несанкционирана, изјави заменик министерот за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ Андреј Жерновски во денешното гостување во ТВ 24.

Имавме однесување на неказнување на оние кои ги кршеа законите. Таквите пораки граѓаните ги сфаќаат како порака дека состојбата не е така лоша и може да се опуштиме. Сето тоа се случи поради министерот Чулев“, истакна Жерновски.

Жерновски нагласи дека целата вина не е само во Чулев, туку и кај дел од граѓаните кои неодоговорно се однесуваа.

„Би бил среќен да имаме опозиција како во сите други земји ,но имаме опозиција која перманентно напаѓаше, шири лажни вести, од самиот почеток бараше оставка од министерот за здравство… , сето тоа затоа што во коронавирусот виде шанса за одложување на изборите. Тоа е нешто што понатаму не може да ни се случи. Доказ дека не бегаме од одговорност е што сакаме да преземеме одговорност“, посочи Жерновски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e