Здравствените работници и владата ќе се изборат со ова што се случува. Сакале или не ние мора да имаме избори, 5. јули е рокот откако ќе заврши вонредната состојба. Не може политички партии или лидери да ги толкуваат законите и Уставот како сакаат. Ние мора да покажеме пред меѓународната заедница дека ги почитуваме законите. Ние нема вечно да бидеме жртви на стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече заменик министерот за надворешни работи и член на Централниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски во вечерашното гостување во „Само вистина“ на Канал 5 ТВ.
Жерновски рече дека не може да има вечно вонредна состојба, вечно одлагање на изборите, вечни преговори бидејќи Мицкоски, како што рече, не сака ниту редовни избори, туку сега ќе бара и локални избори заедно со парламентарните.
„Не може нашата иднина да зависи од политичката кариера на Мицкоски“ – порача Жерновски.