Женски магазин: Стево Пендаровски со искрено интервју за приватноста!

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во искреното интервју за Женски магазин признава дека многу ретко сам ги одбира парчињата облека и дека во најголем број случаи ги слуша советите на неговата сопруга. Токму за бракот со Елизабета која е девет години помлада од него, но и за синот Огнен кој е средношколец искрено зборува во ова интервју. Што го порави среќен, а што може да го расплаче читајте во продолжение.

* На почетокот на месецов наполнивте 56 години. Во повеќе наврати и самите изјавивте дека луѓето се пријатно изненадени кога ќе дознаат за Вашите години кои гордо ги кажувате. Дали имате трикови за убавина?

-Немам посебни трикови за убавина, мојот изглед се должи на генетиката и на релативно умерениот начин на живот. Никогаш во животот не сум пушел, алкохол пијам ретко и во мали количини, и тоа исклучиво кога сум во друштво.

Каков е Вашиот дневен козметички ритуал? Ете, на пример, со какви препарати го негувате лицето?

-Ништо специјално, освен гел за бричење и балсам после бричењето секојдневно користам и хидратантна крема за лице.

* Важите за еден од оние мажи кои навистина внимаваат на својот изглед. Колку следите мода? Дали сами ги одбирате парчињата кои ги носите?

– Не сум моден фанатик, но се трудам да изгледам средено, пред сѐ заради моите работни ангажмани во изминатите години. Многу ретко сам ги одбирам парчињата облека, но во најголем број случаи ги слушам советите на мојата сопруга, која на тој план е далеку поверзирана од мене.

Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e